Нова ракометна Македонија се раѓа – Гордост за играта, тага за резултатот (Фотогалерија)

ЕКИПА во Дебрецин,

Стеван Цаневски

Македонија „однапред прежалена“ влезе во дуелот со Словенија, особено откако на еден час пред почетокот беше објавено дека нашиот национален тим цел шампионат ќе мора да се снаоѓа без својот главен играч, Кире Лазаров.

Сепак, она што го видовме на терен беше нешто сосема поинакво од она што го очекувавме, цврста одбрана одличен голман и „новиот клинец“ Цветан Кузманоски кој блескаше пред противничкиот гол. Грешките во нападот на крајот значеа пораз, но тоа беше плаќање на данокот на неискуство.

Да не заборавиме, Македонија и со Лазаров во тимот пред една година во Египет беше декласирана од истата оваа Словенија со „минус десет“.

„Нова ракометна Македонија“ се раѓа, а играта и карактерот на овие момци најавува дека иднината воопшто не ни е црна како што се чинеше минатиот јануари во „земјата на фараоните“.

Се вчитува...