Плејофот во АБА2 лигата оваа сезона носи огромни возбудувања, откако шестиот носител Подгорица во четвртфиналето го елиминираше тимот на Златибор, а сега е на добар пат во полуфиналето да земе скалп на уште еден фаворит.
Имено, Подгорица како аутсајдер влезе во полуфиналниот двомеч против Војводина, но црногорскиот тим сега е многу блиску до големото финале откако на првиот меч на домашен терен триумфираше со преубедливи 98-80. Гостите од Нови Сад играа егал меч до почетокот на четвртата четвртина, но Подгорица одигра фуриозно во последните седум минути стигнувајќи до триумф од преубедливи 18 поени разлика што Црногорците ќе ги бранат на реваншот закажан на 2 мај во Нови Сад.
Кунц беше незапирлив со 26 поени за Подгогирца, додека Вјачеслав Петров реализираше 17 поени и осум скокови. Најефикасни во таборот на Војводина при денешниот пораз беа Вучетиќ и Бањац со по 13 поени.
Подобриот од овој двомеч во финалето на АБА2 лигата ќе се сретне со победникот од дуелите меѓу МЗТ Скопје и Спартак Суботица. Првиот дуел од овој двомеч на програмата е в сабота со почеток во 19 часот во СЦ „Јане Сандански“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА