Сензација вечерва во Купот на Германија, откако третолигашот Сарбрикен се пласираше во полуфиналето, елиминирајќи го тимот на Борусија Менхенгладбах со 2-1 и тоа со гол во последните мигови.
Менхенгладбах имаше предност уште од 8. минута преку Хак. Наифи израмни во 11. минута, а во 93. минута Брункер постигна гол за домашните, за голема победа.
Дека пласманот во полуфиналето не е случаен, покажува фактот дека во 1/16 финалето оваа екипа го елиминираше Баерн Минхен, а во 1/8 финалето Ајнтрахт Франкфурт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА