По испаѓањето на првиот носител, Енди Мареј, на Мастерс турнирот во Монте Карло се случи уште едно изненадување – настапот го заврши и Стан Вавринка.
Швајцарскиот тенисер кој моментно е на третата позиција на АТП листата, беше поразен во третата рунда од Уругваецот Пабло Куевас со 6-4, 6-4.
Куевас одигра извонреден меч и со неколку интелигентни решенија целосно го исфрли од ритам својот противник. Решавачки беше првиот гем од вториот сет во кој ја искористи првата шанса, направи брејк и рутински го заврши мечот со триумф во два сета.
Мастерс турнирот во Монте Карло се игра за награден фонд од 4.2 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА