Нова сезона, исти проблеми: Тен Хаг мака мачи со повреди пред новата битка за трофеј

Новата сезона за Манчестер Јунајтед започнува престојниот викенд со натпреварот во англискиот Суперкуп, а тренерот Ерик тен Хаг одново ги има истите маки да го „склопи“ тимот за новите предизвици со оглед на повредените фудбалери.

Еден од главните проблеми на „црвените ѓаволи“ за разочарувачката мината сезона беа токму преголемиот број на повреди, а изгледа дека и стартот на сезоната во која навивачите на тимот се надеваат на „подобри денови“, нема да ги донесе истите.

Новото засилување Јоро е во „аут“ во следните три месеци, Хојлунд ќе отсуствува шест недели, неизвесни се и Рашфорд и Ентони, а по средбата против Ливерпул која беше последен тест за предизвиците кои следат на повреда се пожалија и Линделоф, младиот Фиш како и Еванс кој мораше да го напушти теренот поради болест.

Средбата против Манчестер Сити во која Манчестер Јунајтед против градскиот ривал ќе има шанса за уште еден трофеј ќе биде одиграна на 10. август на „Вембли“ со почеток од 16 часот.

Се вчитува...