Стартуваше новата сезона во НБА Лигата, а шампионот Денвер имаше победнички старт над тимот на Леброн Џејмс, Лос Анџелес Лејкерс. Првакот на крилата на МВП Никола Јокиќ, славеше победа. Србинот ја отвори сезоната во старата форма – со трипл дабл.
Јокиќ на крајот имаше учинок од 29 поени, 13 скока и 11 асистенции. Леброн Џејмс кај Лејкерси постигна 21 поен.
Клучната предност Денвер ја направи во првиот период, кој го доби со +14, а потоа Лејкерс се обиде да стигне, но ниту еднаш не успеа да дојде до водство или до „егал“. Во два мига на стартот на четвртата четвртина се доближија само до три разлика за противникот, но Денвер најде сили во финишот да дојде до предност од 12 разлика, па и до 14 која веќе беше недостижна за ривалот.
NIKOLA JOKIC TRIPLE-DOUBLE 🗣️
27 PTS, 13 REB, 11 AST#KiaTipOff23 | Live on TNT pic.twitter.com/xYO38ePpSR
— NBA (@NBA) October 25, 2023
Ноќеска се одигра уште еден натпревар. Феникс Санс славеа на гостувањето кај Голден Стејт со 104-108. Клучната разлика за победа „Санси“ ја направија во последниот период. Голден Стејт практично „прокоцка“ победа, со оглед дека на стартот на третиот период имаше предност од +14 (48-62). Меѓутоа по една долга серија на Феникс, таа разлика не само што се стопи до крајот на четвртината, туку „сонцата“ ја зголемија на +6.
Букер со 32 поени беше незаджрлив кај Феникс, додека Кари постигна 27 во поразениот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

