Швајцарскиот скијач, Даниел Јуле е победник на слаломската трка од Алпскиот светски скијачки куп во Кицбил. Тој ја забележа третата победа во најтехничката дициплина месецов откако славеше и на трките во Мадона Ди Кампиљо и во Аделбоден. Јуле беше константно добар во двете возења и затоа дојде до победата. Беше второпалсиран по првото возење.
Водечкиот по воведната трка, Норвежанецот Лукас Братен потфрли во финшот и заврши надвор од пиедесталот, на четвртата позиција. Заедно со Јуле, на победничкиот подиум се качија и вторполасираниот Австриец Марко Шварц и на третото место, Французинот Клемен Ноел.
Со оваа победа, трета во јануари, Јуле се проби на вторто место во сезонскиот поредок за слалом. Тој има само 17 бода помалку од водечкиот Норвежанец, Хенрик Кристоферсен кој досега собра вкупно 452, од кои 5о денеска благодарение на петто место во Кицбил.Кристоферсон е лидер и во генралениот поредок со 741 бода, 41 повеќе од најблискиот конкурент, сонародникот Александер Омот Килде.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА