Сосема неочекувано и ненајавено, новиот прволигаш Беса Добридол се реши да го смени тренерот Александар Таневски. Само ден после победата во Купот во Охрид од 1-5, екипата се реши за смена на Таневски, кој лани и го донесе најголемиот успех на екипата – првиот пласман во прволигашката конкуренција во историјата.
Таневски беше назначен во Беса на почетокот на оваа година, односно на 1. јануари, и пет месеци подоцна успеа да избори пласман во „елитата“.
Во минатото Таневски ги водеше екипите на Македонија ЃП и АП Брера.
Ова е петта тренерска смена од почетокот на сезоната. Претходно Вардар смени двајца тренери (Михаилов, Петрески), потоа тренери сменија и екипита на Шкупи и тимот на Брера.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА