За само десетина дена фудбалскиот свет ја потресе уште една смрт на фудбалер. По смртта на капитенот на Фиорентина, Давиде Астори и младиот Французин Томас Родригез, почина 20-годишен норвешки фудбалер, Адријан Лилебек Овлијен.
Младиот фудбалер бил член на норвешкиот второлигаш Конгсвингер, додека вкупно одиграл 47 натпревари за младите селекции на Норвешка. Клубот не навлезе во детали за неговата смрт, освен што соопшти дека се работи за сериозна инфекција, а во меѓувреме ги замоли своите играчи и стручен штаб да мируваат во следните неколку денови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА