Нова снимка: Зошто голот на Роналдо против Њукасл не требаше да биде поништен (видео)

Кристијано Роналдо беше критикуван поради обидот да „украде“ гол против Њукасл, откако португалскиот ас му ја одзеде топката на голманот Поуп пред тој да ја изведе, сместувајќи ја потоа во празната мрежа.

Судијата го поништи погодокот, а Роналдо доби жолт картон поради протестите, но во меѓувреме се појави нова снимка од спорниот момент, снимена од трибините на „Олд Трафорд“.

На неа јасно се слуша судиска свирка, а потоа се гледа и контакт на еден гостински фудбалер, кој ја упатува топката кон голманот Поуп. Со самото тоа топката е веќе во игра и Роналдо смее да ја одземе, па се чини дека судиите сериозно го оштетија Манчестер Јунајтед на овој натпревар.

Се вчитува...