По извонредната своја партија на претходниот натпревар на Баерн Минхен во победата над Виртус во Болоња, уште еден супер-натпревар за македонскиот репрезентативец Нено Димитријевиќ во Евролигата.
Димитријевиќ повторно беше еден од предводниците на својот тим, и повторно во Италија, овој пат за победа на Баерн од 84-94 против својот поранешен клуб Олимпија Милано, каде и не доби шанса согласно очекувањата и заслуженото.
Македонскиот кошаркар беше втор стрелец на мечот вечерва во Милано со 15 поени, е дополнети и со четири асистенции и четири скока. Поефикасен од него беше само Обст со 19 поени.
Во поразениот тим најефикасен беше Шилдс со 14 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

