Дефанзивецот на англискиот премиерлигаш Нотингем Форест, Хари Тофоло е суспендиран на пет месеци и казнет со 20.956 фунти поради кршење на правилата за обложување на англискиот фудбал, соопшти Англиската фудбалска асоцијација (ФА).
Тофоло ги прекршил правилата на ФА 375 пати во периодот од јануари 2014 до март 2017 година, кои им забрануваат на играчите да се обложуваат или да пренесуваат информации што може да се користат за обложување.
Англискиот дефанзивец тогаш беше играч на Норич Сити, а играше како позајмен за Свиндон, Ротерам, Питерборо и Сканторп. Тофоло пристигна во Нотингем Форест во јули 2022 година и досега има 21 настап.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

