Нова тажна вест за светскиот фудбал – Почина Жерар Улие

Нова тажна вест го потресе светскиот фудбал откако утрово беше објавено дека на 73-годишна возраст починал Жерар Улие. Францускиот стручњак неодамна беше опериран во клиника во татковината, но не успеа ја да добие најважната битка.

Жерар Улие извесно време беше и селектор на француската репрезентација, но најдобрите резултати во тренерската кариера ги имаше како стратег на Ливерпул. Тој беше предводник на „црвените“ во сезоната 2000/01, кога Ливерпул стигна до трофеи во ФА Купот, во Лига-купот на Англија и во Купот на УЕФА. Овој стратег останува запаметен по вербата во младите играчи, давајќи им шанса на Мајкл Овен и Стивен Џерард, кои благодарение на него се лансираа кон европската фудбалска елита.

Тој работеше и како менаџер на Астон Вила во Премиер-лигата, додека во францускиот фудбал ги водеше екипите на Ленс, ПСЖ и Лион.

Се вчитува...