Нова тешка повреда на дефанзивецот на Борусија Дортмунд

Борусија Дортмунд се соочува со нов сериозен проблем откако икусниот Никлас Зиле ја обнови старата повреда на скочниот зглоб што го мачеше подолго време.

Германскиот репрезентативец неодамна се врати на терените, но на последниот меч со Борусија Менхенгладбах се здоби со нова повреда, по која паузата ќе изнесува неколку месеци.

„За жал, вестите за Зиле не се нималку позитивни. Ќе паузира неколку месеци, повредата е сериозна. Всушност, тоа е истата повреда, секогаш е лошо кога ќе ја обновите истата повреда. Секако дека ова е проблем за нас бидејќи помошта од Зиле ни беше добредојдена во одбраната“, изјави тренерот Нури Шахин.

„Милионерите“ утре ја пречекуваат Барселона во новата рунда од Лигата на Шампионите, по што ќе следи и домашниот дуел со Хофенхајм во рамките од Бундес-лигата и гостувањето во Волфсбург до крајот на оваа календарска година.

Се вчитува...