Клеј Томпсон доживеа нова сериозна повреда, овој пат на тренинг, а се работи за ахиловата тетива.
Како што пренесуваат американските медиуми, деновиве го очекуваат детални прегледи а доколку се работи за ахиловата тетива сигурно го очекува долга пауза.
Томпсон веќе паузираше во 2019 година откако заработи повреда на предните вкрстени лигаменти на коленото, а познато е во светот на спортот дека проблемите со ахиловата тетива се уште посериозни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА