Во судир на два автомобили кој се случил по полноќ во близината на Сплит, загинал 18-годишниот член на футсал тимот на Вргорац, Тони Перван.
„Вечерва во 00:30 часот во тешка сообраќајна несреќа во Вргорац животот го загуби нашиот Тони Перван. Нека почива во мир“, стои во соопштението од клубот.
За потсетување ова е втора страшна сообраќајна несреќа во Хрватска во само неколку дена во која животот го загубија млади спортисти. На четврти мај околу полноќ автомобило во кој беа четири лица слета во море во близина на Либурнскиот брег.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА