Нова трагедија го потресе спортот: На 49 години почина екс ракометар на Партизан

Поранешниот ракометар на Партизан и екс репрезентативец на Југославија, Владимир Матовиќ почина на 49-годишна возраст.

Матовиќ почина после тешка болест. Го носеше дресот на Колубара, Партизан, Металопластика, Металац, како и во повеќе клубови во Слковенија, Шпанија и Германија.

„Со голема тага се опростуваме од нашиот некогашен играч и ракометен ас, Владимир Матовиќ, кој почина на 49. години после тешка болест. Како врвен пикер, со своите игри одбележа една ера и остана во сеќавање на сите љубители на ракометот. Неговата верност, борбеност и страст кон ракометот секогаш ќе живее во срцата на сите кои го познаваат. Време и местото на погребот ќе бидат дополнително објавени“, стои во објавата на ракометниот клуб Колубара.

Се вчитува...