Нова трагедија – Почина Марјан Лазовски

Кошаркарска Македонија денеска повторно е завиена во црно, откако на 58-годишна возраст почина Марјан Лазовски, искусен кошаркарски стратег кој беше селектор и на машката и на женската репрезентација.

Лазовски ја загуби битката со коронавирусот, во изминатиот период беше сместен во клиниката во Скопје, каде за жал лекарите не успеаја да го спасат неговиот живот.

Лазовски тренерската кариера ја почна на клупата на Вардар, долги години беше и асистент во македонската репрезентација, каде во 2012 година доби шанса и како селектор. На клупски план ги водеше и МЗТ Скопје, Амак СП, Пелистер, Торус и Работнички, а последниот ангажман го имаше како селектор на женската кошаркарска репрезентација на Македонија, од 2017 до 2019 година.

Се вчитува...