Нова трагедија во домот на Сала – Почина таткото на Емилијано

Уште една трагедија го потресува семејството Сала, откако таткото на фудбалерот Емилијано почина. Само неколку месеци по авионската несреќа во која загина фудбалерот, неговиот татко Хорасио Сала почина на 58. годишна возраст, а како што пренесуваат медиумите во Аргентина, причината за смртта е срцев удар.

Сала загина во авионската несреќа која што се случи во јануари, кога беше на пат за Кардиф каде требаше да потпише договор со премиерлигашот. Во кариерата Аргентинецот настапуваше во Бордо, Орлеан, Ниор, Каен и Нант од каде што требаше да потпише за тимот на Кардиф и да стане најскапо платен фудбалер во историјата на клубот од Велс.

Се вчитува...