Нова трагедија во НФЛ: Почина млад играч кој лажно беше обвинет за насилство

НФЛ играчот, Џеф Гледни загина во сообраќајна несреќа во Далас во понеделникот вечерта, пренесуваат американските медиуми. 25-годишникот беше избран од Минесота Викингс  како 31. пик на НФЛ драфтот.

Играше на позиција корнербек, а во својата руки сезона имаше 81 уривање, три одбранбени додавања и еден форсиран фамбл. Меѓутоа, викинзите го отпуштија поради обвинение за семејно насилство на почетокот на минатата сезона.

Во меѓувреме беше прогласен за невин, па пролетва потпиша двегодишен договор со Аризона Кардиналс.

Се вчитува...