Италијанската фудбалска легенда Џанлука Виали, почина утрово на 58 годишна возраст по тешката битка со ракот. Виали се бореше со рак на панкреасот, и не успеа да ја победи опасната болест.
Виали беше дел од националниот тим на Италија на ЕП 2020 кое „аѕурите“ успеаја да го освојат, а лани се повлече од функцијата помошник тренер за да се бори со болеста.
Пред Нова година беше хоспитализиран во Лондон, откако му се влоши состојбата.
Виали во совјата кариера играше за Кремонезе, Сампдорија, Јувентус и Челси. Беше тренер на Челзи и на Ватфорд. За италијанската репрезентација настапи 59 пати, и постигна 16 голови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА