Борусија Дортмунд и Баерн Минхен ќе водат нова „битка“ за играч. Откако првата ја доби Борусија Дортмунд со ангажманот на Никлас Зиле од следната сезона, сега двата тима се во трка за играч на Фрајбург.
Станува збор за централниот дефанзивец на Фрајбург, Нико Шлотербек кој е актуелен германски репрезентативец, и според „Билд“ го привлече вниманието на двата германски великани.
Играчот исто така вели дека е време да замине, а според информациите, откупната трансфер цена би требало да изнесува 20 милиони евра.
Борусија Дортмунд ќе сака да ангажира уште еден стопер покрај Зиле, со оглед дека на крајот од сезоната веројатно ќе си замине Мануел Аканџи кој одбива да потпише нов договор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

