Српскиот кошаркар Никола Јокиќ продолжува со одличните партии на стартот на новата сезона во НБА лигата. Синоќа Денвер нагетс славеше на гостувањето кај Минесота тимбервулвс со 114-127.
Јокиќ го забележа и третиот трипл-дабл во исто толку меча завршувајќи го натпреварот со 25 поени, надополнети со 19 скока и 10 асистенции. Џамал Мареј имаше исто така одлична вечер завршувајќи со 43 поени. Кај поразените Џејџен Мекдениелс постигна 25 поени.
Лаури Марканен имаше неверојатна вечер постигнувајќи 51 поен во победата на Јута џез против Феникс санс 138-134. Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Детроит – Кливленд 95-116, Филаделфија – Орландо 136-124, Чикаго – Атланта 128-123, Хјустон – Бруклин 137-109, Њу Орлеанс – Бостон 90-122, Сан Антонио – Торонто 121-103, Далас – Оклахома 94-101, Голден стејт – Мемфис 131-118 и ЛА Лејкерс – Портланд 108-122.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

