Нова трка и нова победа за Ферстапен, фантастичен викенд за Мекларен

Макс Ферстапен ја продолжи доминацијата во Формула 1 шампионатот откако на Големата награда на Велика Братанија освои нови 26 бода. Холандскиот возач од редовите на Ред Бул трката ја започна од првата позиција, а и покрај тоа што имаше лош старт и истата веднаш ја загуби успеа да го надомести заостатокот, го премина Норис и сосема заслужено стигна до ново прво место.

Фантастичниот викенд за Мекларен заврши со место на пиедесталот кое му припадна на Ландо Нарис, а место на истиот имаше и за уште еден Британец, Луис Хамилтон кој го искористи сигурносното возило да го премине Пиастри.

Бодови освоија и Расел, Перез, Алонсо и Албон, а зад двоецот на Ферари Леклер-Саинз кои ја освоија десеттата, односно десеттата позиција е нов разочарувачки викенд.

Се вчитува...