Женската ракометна репрезентација на Македонија составена од ракометарки само од домашниот шампионат стигна до нов убедлив триумф против Велика Британија во контролен дуел одигра во салата во Автокоманда.
По вчерашниот триумф од 36-17, избраничките на Аморим и Алтхаус денеска беа подобри со 34-19. Уште во првиот дел нашите девојки направија голема разлика која на пауза изнесуваше 16-5.
Во вториот дел само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечни 34-19.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА