Расмус Хојлунд, 74-милионското засилување на Манчестер Јунајтед од 2023 година заминува од „Олд Трафорд“ откако не успеа да се прилагоди на англискиот фудбал, а и да се наметне во плановите на новиот тренер Рубен Аморим.
Постои голема шанса данскиот напаѓач да се врати онаму каде што блесна, во италијанското првенство, но овој нат не во дресот на Аталанта, туку во Јувентус.
Клубот од Торино бара замена за Душан Влаховиќ, а изборот паднал на „проверениот“ 22-годишник кој на 34 натпревар за Аталанта постигна 10 голови и забележа четири асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА