Нова затворена врата за Португалецот: Навивачите на Атлетико започнале онлајн петиција против потписот на Роналдо

На почетокот на овој месец Роналдо побара трансфер и изјави дека сака да го напушти Манчестер Јунајтед бидејќи целта му е да игра во клуб кој следната сезона ќе се натпреварува во Лигата на шампионите.

Португалецот беше поврзуван со Челси и Баерн, но на крајот ништо не излезе од тоа. Сепак, во последните денови многу се шпекулира дека тој би можел да се врати во Шпанија и во Атлетико Мадрид, кој е многу заинтересиран за доведување на Португалецот.

Сепак, мадридскиот клуб не очекуваше дека навивачите ќе бидат толку незадоволни поради тоа. Имено, фановите на Атлетико не сакаат клубот да го донесе Роналдо бидејќи играше во дресот на Реал Мадрид, а на натпреварите против Атлетико имаше вербални пресметки со навивачите.

„Марка“ утрово објави дека навивачите на Атлетико Мадрид започнале онлајн петиција против потписот на Роналдо и сакаат да им покажат на клупските челници дека експресно се против овој трансфер на еден од најдобрите играчи на сите времиња.

Некои навивачи на Атлетико дури се заканија дека ќе ги откажат сезонските билети доколку Роналдо дојде во овој клуб. Доколку се случи трансферот, на Роналдо нема да му биде лесно во Атлетико и нема да биде изненадување доколку навивачите на овој клуб го исвиркуваат.

 

 

 

Се вчитува...