Новак, Алкараз, Агаси и Мекинро приредија забава за фановите во Њујорк… (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз одиграа уште еден меч пред настапот на УС Опен, но овој пат егзибициски заедно со Џон Мекинро и Андре Агаси како забава за фановите во Њујорк.

Четирите легенди одиграа меч во двојки на кој на крај славеа Ѓоковиќ и Мекинро со 10-8.

„Ајде Карлос работи нешто, оние твоите. Само јас овде играм нешто“ – му дофрлуваше Агаси на шега на Алкараз по сите свои грешки, непосредно пред да го загуби и последниот поен.

После него, Новак се осврна и на златниот медал освоен во финалето на ЛОИ против Алкараз пред неколку недели.

„Му кажав на мрежа дека сум му благодарен што ме пушти да го освојам златото. Тој до крајот на кариерата веројатно златен медал ќе освои барем трипати“ – се пошегува и Ѓоковиќ.

Се вчитува...