„Новак е феномен, може и во жив песок да игра и пак ќе победи“

Името Новак Ѓоковиќ со златни букви ќе биде запишано во историјата на тенисот откако Србинот постави нов рекорд во главниот град на Франција освојувајќи ја 23 грен-слем титула во својата кариерата.

За успехот на Ѓоковиќ одново говореше неговиот тренер, легендарниот Хрват Горан Иванишевиќ кој вели дека Србинот е феномен кој доколку е фокусиран никој не може да го победи, без разлика на каква подлога настапува.

„Ова е историски успех. Убаво е да си тренер на Новак Ѓоковиќ. Тоа е една голема чест, но и одговорност. Чувствувам голема гордост бидејќи постави апсолутен рекорд и ова е еден од најголемите спортски достигнувања било кога. Имаше многу подеми и падови, многу емоции, но се вредеше. Начинот на кој настапи во Париз беше фантастичен.

Тоа не му е омилената подлога, најмалку одговара на неговата игра, но сепак, кога тој игра како што може и кога во главата е таков каков што беше во полуфиналето и финалето, смирен, тогаш подлогата нема значење. Може да игра и во жив песок и нема да можеш да го победиш. Толку е моќен што било што ќе направиш тој ќе го направи пет пати подобро и едноставно нема крај. Неговото тело е феноменамлно, во кариерата немаше големи повреди и се може да се случи“, вели Иванишевиќ.

Се вчитува...