„Новак е најдобриот во историјата, не го ценат доволно“

Контроверзниот австралиски тенисер Ник Кирјиос уште еднаш изјави дека нема подобар тенисер од Новак Ѓоковиќ.

Тенисерот од Канбера во последните години постојано ја потсетуваше јавноста на фактот дека Ѓоковиќ е сопственик на речиси сите важни рекорди и затоа е најдобар.

Темата за „GOAT“ повторно се дискутираше неодамна, вклучувајќи и некои поранешни големи асови, како што се Матс Виландер, Тим Хенман и Мајк Брајан, но за Кирјиос нема дилема.

„Мислам дека Ѓоковиќ е најдобар на сите времиња. Тој има 24 слемови и мислам дека ќе земе уште неколку. Мислам дека не е ценет колку што треба. Тој е во врвот скоро 20 години, ми се допаѓа таа долговечност“, вели Кирјос. 

Се вчитува...