Поранешниот тренер на Новак Ѓоковиќ, Горан Иванишевиќ кој еден од ретките луѓе кои имале чест и задоволство да соработуваат со легендарниот тенисер и тоа четири години откри интересен детал за Србинот.
Иванишевиќ вели дека Ѓоковиќ важи за „голем доцнач“ кој е „скаран со времето“.
„Новак е посебен, друг, најдобар. Неговата глад за напредок е неверојатна. Може многу да се научи од него. Малку е скаран со времето. Никогаш не доаѓа на време. И сите тоа го знаат. Сите навикнаа на тоа“, изјави Иванишевиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

