Водечкиот на АТП листата и апсолутната ѕвезда во тенискиот свет за 2018 година, Новак Ѓоковиќ е изгласан и за најдобар спортист на Европа во изборот што го прави реномираната Полска новинска агенција (ПАП), а во кој учествуваат сите големи агенции како француската АФП, руската ТАСС, шпанската ЕФЕ, турската Анадолу, германската ДПА и многу други.
Ѓоковиќ триумфираше пред најдобриот фудбалер во светот, Лука Модриќ од кого доби 13 гласа повеќе. Зад него на третото место е е актуелниот Формула 1 шампион, Луис Хамилтон.
Српскиот тенисер оваа година освои две грен-слем титули, на Вимблдон и на УС Опен и направи подвиг пробивајки се од 22 позиција на АТП листата на која беше во средината од годината до лидерското место.
Во првите десет најдобри во изборот се и сноубордерката Естер Ледецка, бијатлонецот Мартин Фукард, скијачот Марсел Хиршер, нордијката Марит Бјерген, францускиот фудбалски репрезентативец Антоан Гризман, атлетичарот Кевин Мајер, тенисерката Симона Халеп и ски-скокачот Камил Штох.
Изборот на ПАП има долга традиција почнувајќи од 1958 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА