Новак Ѓоковиќ повеќе од една година не е најдобар тенисер на светот, но кога е во прашање неговата важност, особено за колегите, тој се уште е неспоредлив.
Канаѓанецот Феликс Оже-Алиасим најдобро објасни што значи Србинот за сите нив во светот на професионалниот тенис.
„Новак е пример за сите нас, вистинска инспирација. Тој е најдобриот тенисер на сите времиња. Не само нивото на неговата игра, туку и неговата долговечност е многу импресивна. По пораз се враќа, се подготвува, со месеци го чека следниот гранд-слем… Неговата постојана страст за спортот, неговиот капацитет да остане во форма, да биде мотивиран се неверојатни“, изјави Алиасим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

