Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја продолжи доминацијата освојувајќи ја 40. мастерс титула во својата кариера. Светскиот број еден во Париз славеше против Григор Димитров со 2-0 во големото финале на Мастерсот 1000 со што само ја потврди и претходно осигурната 399 седмица на врвот на АТП листата.
А, Србинот со тоа се доближи и до историја каква што досега не е видена во тенисот. Ѓоковиќ само една победа го дели од официјално завршување на годината на првото место на АТП листата и до истата може да стигне на следниот турнир во Торино каде за тоа ќе има три шанси.
Со победа во Италија, Ѓоковиќ ќе биде 400 седмици на врвот на АТП листата и ќе добие дополнителни седум седмици на врвот на планетата, до крајот на Австралија Опен на крајот на месец јануари 2024 година.
Покрај овој рекорд, Ѓоковиќ не ја криеше ниту желбата за надминување на рекордот на Џими Конорс по бројот на освоени АТП-титули.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

