Новак Ѓоковиќ, фаворит за престижната награда

Новак Ѓоковиќ не ја крие гордоста што повторно е номиниран меѓу финалистите за престижната награда „Лауреус“ што се доделува на најдобриот спортист на годината.

Ѓоковиќ веќе четири пати го освојуваше ова големо признание во 2012, 2015, 2016 и во 2019 година, а за ривали во финалното гласање ќе ги има атлетичарите Ноа Лајлс и Арманд Дуплантис, фудбалерите Лео Меси и Ерлинг Халанд, како и Формула 1 шампионоат Макс Ферстапен.

„Воодушевен сум што повторно сум номиниран за награда Лареус. Четири пати ја имам освојувано, секоја од нив е посебна и незаборавна на свој начин. Честа е уште поголема ако се знае дека одлуката ја носи академијата Лауреус, која знае колку е тешко да се стигне до врвот во еден спорт и да се остане таму. Тоа е она што оваа награда ја прави толку посебна“, порача Новак Ѓоковиќ.

Наградата „Лауреус“ се доделува од 2000 година, а гала-свеченоста за оваа година е закажана за 22 април во Мадрид.

Во женска конкуренција, финалистки за спортистка на годината се скијачката Микаела Шифрин, тенисерката Ига Швијонтек, фудбалерката Аитана Бонмати од Шпанија, како и атлетичарките Шерика Џексон од Јамајка, Фејт Кипјегон од Кенија и Шакари Ричардсон од САД.

Во конкуренција за тим на годината, на листата финалисти се наоѓа машката кошаркарска репрезентација на Германија, женската фудбалска селекција на Шпанија, Ф-1 тимот на Ред Бул, рагби селекцијата на Јужна Африка, фудбалскиот клуб Манчестер Сити и гол-тимот на Европа кој триумфираше на Рајдер купот минатата година.

Се вчитува...