Новак Ѓоковиќ го посети седиштето на Мекларен во Лондон

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ се наоѓа во Англија каде се подготвува за третиот гранд-слем сезонава. Тој престојот во Лондон го искористи и за посета на познатиот Формула 1 тим на Мекларен.

Познато е дека седумкратниот шампион на Вимблдон сака да биде на различни места кога доаѓа во некоја земја. Овој пат гостуваше кај тимот од Вокинг кој годинава доминира во Формула 1 шампионатот.

„Воодушевен сум што ја пречекувам тениската легенда Новак Ѓоковиќ во Технолошкиот центар Мекларен. Одличен разговор за тоа што е потребно за да се стане голем шампион и како да се остане фокусиран и одлучен под притисок. Среќно на Вимблдон“, напиша на Инстаграм Зак Браун извршниот директор на Мекларен.

Се вчитува...