Новак Ѓоковиќ одлучи да не игра на Мастерсот во Синсинати. На Олимписките игри во Париз, Ѓоковиќ и донесе злато на Србија, што беше единствениот трофеј што му недостигаше во кариерата.
Сега, сепак, нема да ја брани титулата освоена лани во епското финале со Карлос Алкараз, кого штотуку го победи во финалето на ОИ.
„Разбираме дека би било премногу за него да дојде директно од подиумот на ОИ во Синсинати. Неговото патување до титулата минатата година беше незаборавно. Се надеваме дека наскоро ќе го видиме повторно на теренот“, изјави директорот на турнирот Боб Моран.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

