Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј ја прекинаа соработката

Новак Ѓоковиќ и официјално ја заврши соработката со Енди Мареј. Мареј дојде во стручниот штаб на Ѓоковиќ пред почетокот на 2025 година.

Сепак, Британецот не успеа да му помогне на Србинот да го освои 100. трофеј во кариерата како тренер.

Тој беше елиминиран во четвртфиналето на Бризбејн, по што поради повреда на мускулот мораше да го предаде полуфиналето на Австралија опен. Потоа беше поразен во првото коло во Доха, во второто во Индијан Велс, а и во финалето во Мајами.

Сезоната не ја започна баш најдобро на земјена подлога, беше елиминиран во второто коло и во Монте Карло и во Мадрид, по што се откажа од настапот во Рим.

Ѓоковиќ му се заблагодари на Мареј пред крајот на сезоната на земја, поточно турнирот во Женева и Ролан Гарос.

 

Се вчитува...