Новак Ѓоковиќ пред првиот грен-слем турнир во сезоната, Австралија Опен за тамошните медиумите говореше на повеќе теми, а се осврна и на 2022 година кога поради невакцинираност од Ковид-19 не му беше дозволен влез во државата.
Србинот помина неколку денови во „хотел“ за мигранти на Божиќ, а откри дека тоа му е голема траума која му оставила последици и ден денеска.
„Морам да бидам потполно искрен. Последните колку пати кога слетував во Австралија и кога поминувам низ пасошката контрола чувствувам траума од пред три години. Некои траги остануваат и сега кога поминувам пасошка контрола, бидејќи просојано проверувам дали доаѓа некој од имиграциската зона.
Внимавам и на личноста која ми го проверува пасошот. Дали ќе ме однесат, дали ќе ме задржат или ќе ме пуштат? Морам да признаам дека го имам тоа чувство“, вели Ѓоковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА