Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ, потврди дека во новата тениска сезона ќе стартува од првиот гран-слем во годината, Австралија Опен. Поранешниот прв светски рекет сезонава се соочи со многу проблеми, пад во формата и серија повреди.
„Новата сезона ќе ја почнам од Австралија. Засега тренирам“ – потврди Ѓоковиќ во кусата изјава за српските медиуми.
Изјавата на Ѓоковиќ значи дека Србинот за разлика од претходните три сезони, овој пат ќе го пропушти настапот на турнирот во Доха, на кој го освојуваше победничкиот пехар во последните две изданија. Не е исклучена можноста по комплетното санирање на повредата, тој да настапи и на некој од помалите турнир како загревање пред австралискиот гран-слем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА