Новак Ѓоковиќ ќе игра на мастерсот во Шангај

Организаторите на АТП Мастерс 1000 турнирот во Шангај официјално потврдија дека српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, ќе настапи на овогодинешното издание.

Интересно е што во оваа пригода, Ѓоковиќ ќе настапи за прв пат од мај на турнир кој не е гранд-слем турнир. Во мај, тој играше на АТП турнирот во Женева, Швајцарија, каде што ја освои својата 100. титула во кариерата, а потоа учествуваше само на гранд-слем турнирите, Ролан Гарос, Вимблдон и УС опен.

„Нашиот четирикратен победник се враќа“, напишаа на социјалните мрежи организаторите на турнирот во Шангај, кој Ѓоковиќ, моментално четврти во светот, го освои во 2012, 2013, 2015 и 2018 година.

Турнирот се одржува од 1. до 12. октомври, а главни ривали на Ѓоковиќ овој пат ќе бидат Шпанецот Карлос Алкараз и Италијанецот Јаник Синер.

Се вчитува...