Новак Ѓоковиќ ќе игра на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ вчера го одработи првиот тренинг по операцијата на менискусот по четвртфиналето на Ролан Гарос, и најверојатно ќе настапи на Вимблдон, кој започнува на 1 јули. 

Новинарот кој е стручњак за тенис Крег Шапиро, вели дека има информации дека Србинот го одработил вчера првиот тренинг после операцијата, и дека работи напорно да се подготви за настап на Грен слемот во Велика Британија.

Ѓоковиќ се откажа во 1/4 финалето на Ролан Гарос поради повреда, ап отоа направи операција на коленото. Иако имаше најави дека нема да игра на Вимблдон за да се подготви за Олимписките игри, сепак, веројатно ќе игра и на двата турнири.

Се вчитува...