Новак Ѓоковиќ ќе може да настапи на УС Опен со оглед на тоа што Владата на САД официјално потврди дека доколку состојбата со коронавирусот не се влоши до 11. мај ќе биде укината забраната за влез на странски невакцинирани лица во држвата.
Српскиот тенисер сепак нема да може да настапи на Индијан Велс и Мајами кои се одржуваат во март, но ќе има слободен влез за големиот турнир кој ќе почне на 28. август и ќе трае до 10 септември.
Тоа ќе биде добра шанса за еден од најдобрите тенисери во историјата да стигне до 23 грен-слем трофеј во својата кариера. Како потсетување Србинот неодмана на доминантен начин стигна до трофејот на Австралија Опен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

