Новак Ѓоковиќ маестрално го почна настапот на својот 17-ти УС Опен во кариерата.
Србинот одигра беспрекорен меч против Французинот Александер Милер и за само 85 минути го победи со 6-0, 6-2 и 6-3.
На тој начин Ѓоковиќ ја продолжи низата од 17 турнири во Њујорк и 17 победи во првата рунда. Оваа победа му донесе и таман толку поени за да од 11. септември повторно се врати на првото место на АТП листата.
Во следната рунда натпревари го чека Шпанецот Бернапе Запата Миралес кој го победи Американецот Итан Квин со 6-4, 6-4 и 6-3.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

