„Новак Ѓоковиќ ми го спаси животот“

Романската тенисерка Андреа Присакариу откри дека Новак Ѓоковиќ е една од причините поради која продолжува да игра тенис.

Присакариу гостуваше во подкаст во кој меѓу другото изјави дека најдобриот тенисер во светот е инспирација за неа, но и за голем дел од тенисерите во светот.

„Тој е еден од ретките кој навистина им помага на тенисерите од Србија. Тој всушност ги спонзорира. Неверојатно е тоа што го прави, немам зборови да го опишам тоа. Дури и многупати ми ја спасуваше кариерата сите овие години”, изјави Прискариу. 

Се вчитува...