Новак Ѓоковиќ не доби дозвола од Канада: Го пропушта Мастерсот во Монтреал

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ нема да настапи на Мастерсот од серијата 1000 во Монтреал. Причина за тоа е одбивањето на вакцина против Ковид-19 која е задолжителна за влез во северноамериканските држави.

Поради истата причина на Србинот не му беше дозволен настап на Австралија Опен, а најверојатно нема да му биде дозволен настап ниту на УС Опен доколку не се променат рестрикциите во САД.

Овогодишниот освојувач на Вимблдон последен пат во Монтеал настапи во 2018 година кога во третото коло беше поразен од Стефанос Циципас. Претходно во 2007, 2011, 2012 и 2016 успеваше да го освои трофејот.

 

Се вчитува...