Новак Ѓоковиќ нема да биде дел од Лејвер купот

Првиот рекет на светот Новак Ѓоковиќ нема да биде дел од Лејвер купот кој ќе се одржи во септември во Женева. Тимот на Европа покрај Роџер Федерер и Рафаел Надал ќе го сочинуваат Александер Зверев, Доминик Тим и Фабио Фоњини.

Селектор на тимот на Европа ќе биде Бјорн Борг, додека на тимот на светот ќе биде Џон Мекинро кој следната недела ќе ги соопшти имињата на својата екипа. Третото издание на Лејвер купот ќе се одржи од 20-22 септември.

 

Се вчитува...