Новак Ѓоковиќ неславно почна на УС Опен

Новак Ѓоковиќ неславно го почна УС Опен, со пораз во мешани двојки кој требаше да биде еден од најатрактивните сегменти од овој турнир.

Откако најпрво Синер го откажа учеството поради болест, сега Новак Ѓоковиќ во двојка со Олга Даниловиќ во првото коло загубија од Русите Мира Андрејева-Данил Медведев со 0-2 (2-4, 3-5).

Потоа и Андрејева и Медведев беа елиминирани, па во првото полуфинале ќе играат Пегула-Дрејпер против Швјонтек и Руд. Во второто полуфинале ќе се сретнат Американците, Колинс и Херисон и Италијанците Ерани и Вавасори.

Се вчитува...