Новак Ѓоковиќ откри кој му е омилен фудбалер

Новак Ѓоковиќ без проблеми се пласираше во второто коло од Вимблдон, а пред натпреварот против Педро Качин за „Би-Би-Си“ говореше за омилените нешта.

Српскиот тениски ас за омилен фудбалер го избра неговиот голем пријател Златан Ибрахимовиќ.

„Ме ставивте во тешка ситуација. Златан Ибрахимовиќ ми е омилен фудбалер. Го сакам, пријатели сме, така да морам да го изберам него. Но, не можам да изберам помеѓу Пеле, Марадона, двата Роналдо и Меси“, изјави Ѓоковиќ.

За омилен филм го избра Аватар, меѓу најуспешните спортисти ги наброи Мајкл Џордан, Коби Брајант, Мохамед Али, Усеин Болт и Серена Вилијамс, а за омилено место кое сака го посетува ја избра татковината.

Се вчитува...