Новак Ѓоковиќ повраќаше на сред меч во Индијан Велс (ВИДЕО)

Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ, имаше проблеми за време на натпреварот од второто коло на Индијан Велс, бидејќи тој повраќаше на теренот. Новак Ѓоковиќ успешно го започна својот настап на турнирот во Индијан Велс, но патот до победата против Камил Мајчржак не помина без проблеми.

Според шпанскиот тениски портал „Пунто де Брејк“, за време на натпреварот, српскиот тенисер во еден момент морал да се скрие зад рекламите, каде што повраќал.

На видеото се гледа како Ѓоковиќ се оддалечува од погледот на публиката неколку секунди, иако не е јасно што точно се случило во тој момент.

Се вчитува...